Не признаваме никаква поделба на национална основа

Вашата соработка со терористичката организација се коси со нашето стратешко партнерство во НАТО

700452
Не признаваме никаква поделба на национална основа

Претсдетаелот Реџеп Тајип Ердоган рече дека во период кога се води борба против тероризмот, граѓаните на Република Турција се обединија врз заедничка основа.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал претседателот Ердоган одговараше на прашањата во врска со референдумот за уставните промени за премин кон претседателски систем.

Ердоган подвлече на успехот на Турција во борбата против тероризмот и рече дека во период кога државата се сплоти со народот во Југоисточна Анадолија, 16 април ќе биде само рендгенска снимка на случувањата. Референдумот ќе биде само одраз на досегашните активности кои ќе го забрзаат процесот на развојот на земјата.

Додека се води борбата против тероризмот, фактот дека сите сме граѓани на РТ е заедничка основа на сплотување, подвлече претседателот Ердоган. Ние ги прегрнуваме сите оние кои што се изјаснуваат дека се Курди, но во случај да продолжат со наметнување на Курдството и поделба на национална основа кој настан води кон расизам, тогаш сме против тоа.

Затоа ние не признаваме никаква поделба на национална основа. Сите сме граѓани на РТ и сите сме обединети и сплотени околу тоа. Ние не правиме никаква разлика меѓу приврзаниците на различни нации. Сите 80 милиони граѓани на Турција сме браќа. Ние ќе успееме во тоа. Сите ќе се гордееме со тоа што сме граѓани на  Република Турција.

Во освртот на документите кои сведочат за германската поддршка на терористичките организации, претседателот Ердоган рече:

О полициските возила седат приврзаници на терористичката организација и од таму мавтаат со постерите на челникот на терористичката организација. Тоа е полициско возило. Имаме документи за тоа. Информацијата на Германската федерална разузнавачка служба (БНД) дека биле зад возилото, не ги оправдува. Секако дека ќе се сомневаме во ставот на оние кои што не можат да го увидат обидот за воен удар на Фетулахистичтата терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули.

Претседателот Ердоган рече дека нашата порака до САД во врска со Мунбич во Сирија е следната:  сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, ПЈД/ЈПГ нема да остане во Мунбич. Тоа е арапска територија. Затоа треба да ги напуштат овие простори. Двете се терористички организации. Вашата соработка со терористичката организација се коси со нашето стратешко партнерство во НАТО, рече Ердоган.



Слични вести