Турската полиција откри ланец на шверцување илегални мигранти

Полициска патрола кај Кахраманмаеаш по пријава од страна на непознати лица запрела автобус полн со илегални мигранти на автопатот Кахраманмараш-Газиантеп.

699542

Полициската патрола идентификувала 50 лица со авганистанско, 8 со пакистанско и 5 со бурманско државјанство кои на илегален начин се обидувале да влезат во Турција.

После испитувањето на возачот и на неговиот помошник како и на илегалните мигранти полицијата дошла до сознание дека групата пристигнала од Иран на илегален начин.

Пплицијата веднаш ги уапсила возачот на авотбусот и неговиот помошниик а сите мингранти ги привела во најблиската полициска станица каде се уште била во тек вообичаената постапка која што се реализира во вакви случаи.

Слични вести