Средба на Ердоган со младината:Турција поминува низ еден критичен период

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше на 4. собир на младите во организација на ТУГВА- Младиснки вакаф на Турција што се одржа во спортската арена Абди Ипекчи во Истанбул

700211
Средба на Ердоган со младината:Турција поминува низ еден критичен период

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше на 4. собир на младите во организација на ТУГВА- Младиснки вакаф на Турција што се одржа во спортската арена Абди Ипекчи во Истанбул.

Ердоган се осврна на ситуацијата на Блискиот исток и предупреди дека сценаријата кои што се пишуваа за Блискиот исток од пред стотина години се актуелизираат и денеска.Турција поминува низ еден критичен период, на Блискиот исток се води братоубиствена војна, а не се поштедуваат ниту културно историските споменици останати од османлискиот период.

Од друга страна декларираните европски вредности се блокираат од страна на самите Европејци.

Во овој период на сцената се појавија и терористички организации како што се ПЈД,ЈПГ и ФЕТО кои приредија големи штети на Исламот и кои одиграа голема улога во распарчувањето на овој дел од регионот.

Ердоган во продолжение истакна:

Исто како што пред еден век границите во овој дел на светот се проекројуваа со крвопролевање,задкулисни игри и интриги, истото се настојува да се направи и денеска.Пред еден век го имаше договорот Сајкс-Пикот, Лоренс од Арабија кој излегледаше како Арап,а не беше арап, така и денес пред нас имаме модерни Лоренси преоблечени во арапска и муслиманска носија кои го прават токму истото.

Претседателот Ердоган говорот го заврши со поучните стихови на познатиот филозоф,мистик и хуманист Мевлана Џелаледин Руми,порачувајќи им на младите никогаш да не го заборават тоа што пред неколку века го кажал големиот Мевлана како поука за луѓето.

 



Слични вести