Изборниот праг може да се намали под 10 насто

Сега стабилноста на земјата ја постигнуваат граѓаните на гласачките кутии

700123
Изборниот праг може да се намали под 10 насто

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека постои можност изборниот праг да се намали под 10 насто

Премиерот Јилдирим во дворецот Чанкаја ги прими претставниците на медиумите.

На едно прашање во врска со изборниот систем, премиерот Јилдирим одговори:

За да се постигне стабилност, зарем изборниот праг не се држеше високо? Сега стабилноста на земјата ја постигнуваат граѓаните на гласачките кутии. Што значи дека се укинува потребата за постигнување стабилност со одредени изборни прагови. Затоа, изборниот праг повторно може да се преуреди, рече премиерот Јилдирим.

Во врска со тоа на кој начин и според кои правила ќе се избираат пратениците, ќе седнеме и ќе разговараме. Тоа не е одлука која што ќе може да ја донесе една партија. Нашата Партија за правда и развој АКП е отворена за дискутирање на методот на избор на пратениците. Ќе седнеме со претставниците на сите партии и доколку спееме да постигнеме согласност, тогаш ќе ги извршиме потребните законски промени. Ние сме спремни ова прашање да седнеме да го разгледаме веднаш по референдумот на 16 април, рече Јилдирим.



Слични вести