Европските земји кои ја поддржуваат кампањата „против“ не сакаат силна Турција

Германија, Холандија, Австрија и Швајцарија извршија различни имплементации за поддршка на кампањата „против

699757
Европските земји кои ја поддржуваат кампањата „против“ не сакаат силна Турција

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека европските земји кои ја поддржуваат кампањата „против“ не сакаат силна Турција.

Во говорот на состанокот на Невладините организации во Истанбул, потпретседателот на Владата Куртулмупш се осврна на претседателскиот систем за кој на 16 април ќе се оди на референдум.

Куртулмуш рече дека во рамките на кампањата за референдумот на 16 април се вклучија и непоканети гости од надвор, додека Европа не им дозволи на турските министри и пратеници да одржат кампања „за“.

Германија, Холандија, Австрија и Швајцарија извршија различни имплементации за поддршка на кампањата „против“, рече потпретседателот Куртулмуш и ја критикуваше дволичноста на Европа.

Во врска со митингот на сепаратистичко-терористичките организации ПКК, ДХКП-Џ и ЈПГ во Берн, на кој претседателот Реџеп Тајип Ердоган со скандалозни транспаренти беше покажан за цел, Куртулмуш својата реакција ја изнесе со следните зборови:

„Зарем ПКК не се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ? Како можете да дозволите ПКК да одржи кампања „против“? Како можете да не дадете одобрение на турските министри и пратеници, а можете да им дадете одобрение на терористите. Зошто се вознемирувате? Швајцарија е друга држава, Холандија, Австрија други. Зошто толку многу ве интересира промената на нашиот устав?, рече потпретседателот Куртулмуш.



Слични вести