Турција реагира на фотографијата на рускиот вршител на должноста со терористите на ПЈД/ПКК

Веднаш по нападот во близината на границата со Сирија, рускиот вршител на должноста амбасадор во Анкара беше повикан во МНР.

698136
Турција реагира на фотографијата на рускиот вршител на должноста со терористите на ПЈД/ПКК

Турција ја осуди фотографијата на руските војници со терористите на ПЈД/ПКК во Сирија која од страна на рускиот вршител на должноста амбасадор во Анкара беше споделена на социјалните медиуми.

Министерството за надворешни работи во последните два дена на рускиот вршител на должноста амбасадор во Анкара Сергеј Панов му достави две пораки во врска со случувањата кои беа доживеани во подрачјата кои се наоѓаат под окупација на ПЈД/ПКК во Сирија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хусејин Муфтуоглу на редовната неделна прес конференција рече дека веднаш по нападот во близината на границата со Сирија, рускиот вршител на должноста амбасадор во Анкара беше повикан во МНР.

Муфтуоглу рече дека на вршителот на должноста најпрвин му беше изразена загриженоста на Турција од инцидентот. Турција одговори на овој немил настан, а исто така на вршителот на должноста му ја достави пораката дека за да не дојде до повторување на овој и слични настани, треба да се преземат потребните мерки. Во случај да се повтори овој настан, против терористичката организација ќе се води неколку пати поголема борба.

Според дипломатски извори, додека портпаролот Муфтуоглу одржуваше прес конференција, претставниците на министерството стапија во контакт со рускиот вршител на должноста Панов и му ја пренесоа реакцијата на Турција во врска со фотографиите кои беа споделени на социјалните медиуми, на кои може да се види како руските војници учествуваат во свеченото одбележување на празникот Невруз заедно со знамињата на сириската фракција ЈПГ на сепаратистичко-терористичка организација ПКК, како и фотографијата на рускиот генерал-мајор со грбот на ЈПГ.

На рускиот вршител на должноста уште еднаш му беше доставено до знаење ставот на Турција во однос на ПЈД/ЈПГ кој инаку и е познат на руската страна. Овие снимки предизвикаа загриженост во Турција.

Муфтуоглу на прес конференцијата уште еднаш го повтори барањето на Турција од Русија за затворање на канцеларијата на ПЈД/ПКК во Москва.

Министерот за национална одбрана Фикри Ишик во врска со поставувањето грбот на ЈПГ врз униформите на руските војници рече:

Турција во никој случај не ја прифаќа соработката на ЈПГ со САД и Руската Федерација.

Турција не го прифаќа искористувањето на било која терористичка организација за протерување на друга терористичка организација. Нашата загриженост во однос на прашањето им ја доставивме како руската така и на американската страна, рече министерот Ишик и потенцираше дека Турција ќе продолжи да го брани овој став. Се надеваме дека ќе надвладее здравиот разум и ќе се откажат од соработката со терористичката организација ПЈД.



Слични вести