Турција остро реагираше на забраната за разнесување на весникот Дејли Сабах во ЕП

Весникот „Дејли сабах“ кој се објавува на англиски јазик вложува големи напори да ги прошири информациите во врска со случувањата во Турција

698730
Турција остро реагираше на забраната за разнесување на весникот Дејли Сабах во ЕП
bozdağ.jpg

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш остро реагираше на забраната за разнесување на весникот Дејли Сабах во Европскиот парламент (ЕП).

Во говорот што го одржа во рамките на посетата на Газиантеп, Куртулмуш рече:

Овие одлуки одат во прилог на неофашистите  и неонацистите. Неприфатливо е спречувањето на разнесувањето на весникот преку кој Турција сака да го прочуе својот глас во Европа и Западниот свет, само поради тоа што тие не сакаат, рече Куртулмуш.

Весникот „Дејли сабах“ кој се објавува на англиски јазик вложува големи напори да ги прошири информациите во врска со случувањата во Турција. Каде се слободата на мислењето, каде се слободите на говор и изразување? Што значи да се забрани влезот на еден весник во ЕП, рече Куртулмуш.

Министерот за правда Бекир Боздаг во врска со забраната за разнесување на весникот „Дејли сабах“ во Европскиот парламент рече дека овој чин се коси со слободата на печат и изразување.

Во изјавата преку социјалните медиуми во врска со прашањето министерот Боздаг рече:

Неправедната одлука и фашистичка имплементација на претседателот на Европскиот парламент претставува масакрирње на слободата на печатот и изразувањето како и уништување на вредностите и придобивките на ЕУ.

Европскиот парламент кој неправедно ја обвинува Турција во врска со слободата на печатот и изразување, нема толеранција дури кон информациите и коментарите на весникот „Дејли сабах“.

Во Европа постојат одредени средини кои во врска со слободата на печатот и говорот ја клеветат само Турција, а нема средини кои можат да ја критикуваат Европа. Оваа одлука го покажува валканото лице на Европскиот парламент. Остро го осудувам ова валкано лице на ЕП поради што го повикувам да покаже респект кон слободата на печатот и говорот, рече министерот за правда Бекир Боздаг.



Слични вести