Ердоган:ме загрижува ставот на Русија кон терористичката ПЈД/ЈПГ во Сирија

Претседателот Реџеп Тајипо Ердоган  истакна дека е жалосно тоа што Русија има позитивен став кон терористичката организџација ЈПГ/ПЈД во Сирија

698191
Ердоган:ме загрижува ставот на Русија кон терористичката ПЈД/ЈПГ во Сирија

Претседателот Реџеп Тајипо Ердоган  истакна дека е жалосно тоа што Русија има позитивен став кон терористичката организџација ЈПГ/ПЈД во Сирија, бидејќи на сите им е општо познато дека оваа терористичка организација е всушност продолжено крило на терористичката организација ПКК .

Во интервју за еден приватен телевизиски канал претседателот Ердоган се задржа на ситуацијата во северот на Сирија и рече: Вниманието кое Русија и САД го покажуваат кон терористичката организација ЈПГ/ПЈД не растажува. Јас и ним им го реков тоа го велам и сега и тоа сосема јавно и отворено. Овие терористички организации би требало да се оддалечат од Сирија.Се додека тоа не се направи нашата мисија во Сирија нема да се оконча. Велат нив ги повикал режимот. Не се одговара позитивно на секоја покана.Тоа го нема во светската политика.

Претседателот Ердоган во продолжение од интервјуто застана зад своијата изјава од пред неколку дена, кога ги обвини Германија и Холандија за користење на нацистички методи кон турските министри кои сакаа да се состанат со Турците во овие земји.

Ердоган го постави прашањето: Ако не речеме нацисти дали да речеме фашисти?

Никој не би требало да се чувствува погоден или загрижен поради оваа компарација.

Што се однесува до германските власти тие им дозволуваат на симпатизерите на терористичката организација ПКК да демонстрираат среде нивните градови но кога тоа го бара претседателот на Турција велат не може. Е тоа го нема во универзалното право.

Јас како претседател секако дека имам што да кажам за сето ова.

Ердоган додаде дека засега не планира посета на Германија, но потенцира дека тоа ќе зависи од исходот на референдумот на 16 април.

 

 



Слични вести