Чавушоглу:Европа е загрижена бидејќи Турција е многу понезависна од порано

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Берн ,Швајцарија упати критика на адреса на дел од западно европските држави

698237
Чавушоглу:Европа е загрижена бидејќи Турција е многу понезависна од порано

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Берн ,Швајцарија упати критика на адреса на дел од западно европските држави за кои рече дека нив ги загрижува тоа што Турција е многу понезависна држава од порано,но кога тогаш ќе мора да го прифатат тој факт.

Министерот Чавушоглу во Берн пристигна од САД каде учествуваше на меѓународниот состанок посветен на борбата против тероризмот на ДЕАШ.

Веднаш после пристигнувањето во Берн министерот Чавушоглу беше примен од страна на својот домаќин министерот за надворешни работи на Швајцарија Дидиер  Буркхалтер. Средбата траеше околу час и половина и на истата стана збор за билатарелните односи,регионали прашања,сириското прашање, актуелните случувања во Европа и односите на релацијата Анкара-Брисел.

После средбата со министерот Брукхалтер,министерот Чавушоглу во амбасадата на Република Турција во Берн се состана со претставниците на турската заедница во Швајцарија.

Чавушоглу во оваа прилика истакна дека во последно време во дел од европските држави турските политичари наидуваат на пречки и блокади.Помали инциденти беа забележани и во Цирих, Швајцарија,но ние имавме одличен разговор со мојот ценет колега Брукхалтер, така и двете страни успеавме преку дијалог да ги надминеме овие проблеми пред тие да можат да ескалираат.Очекуваме и Холандија да се однесува на сличен начин.

Кога им велиме дека се однесуваат како фашисти,ни се лутат,ама за жал дури и фашистичките раководства не се однесуваа на ваков начин.

 



Слични вести