Турција не се стреми кон териториите и суверенитетот на ниту една земја

Турција има право да ги поддржува нашите сонародници во Бугарија

697905
Турција не се стреми кон териториите и суверенитетот на ниту една земја

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција не се стреми кон териториите и суверенитетот на ниту една земја.

Во говорот на средбата со претставниците на Балканските федерации во претседателскиот дворец, Ердоган потсети на претстојните парламентарни избори во Бугарија на 26 април и посака истите да поминат во мир, спокојство и транспарентно и да завршат праведно.

Во освртот на притисокот на кој се изложени Турците во Бугарија, претседателот Ердоган рече дека чувствуваат големо жалење.

Додека од една страна се изјаснуваат дека се на страната на демократијата, од друга страна вршат сериозен притисок врз Турците кои живеат во оваа земја. Тоа е неприфатливо. Од една страна го бранат законодавството на ЕУ, од друга страна пак ќе се однесуваат спротивно на начелата на истото. Тоа не може така. Ние имаме право да ги поддржуваме нашите сонародници во оваа земја. Во врска со претстојните парламентарни избори во Бугарија се надевам дека ќе се раководат согласно демократијата и правото, рече Ердоган.



Слични вести