Привремениот вршител на должноста амбасадор на Русија во Анкара повикан во МНР

На Русија и беше изнесено незадоволството на Турција и посочено дека во случај да се повтори истиот (нападот) Турција ќе возврати неколку пати повеќе

697613
Привремениот вршител на должноста амбасадор на Русија во Анкара повикан во МНР

Министерството за надворешни работи соопшти дека по повод смртта на турскиот војник кој загина во огнот што беше отворен во подрачјето кое се наоѓа под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, Привремениот вршител на должноста амбасадор на Русија во Анкара повикан на консултации во МНР.

Портпаролот на МНР Хусејин Муфтуоглу во изјавата за печатот рче дека на привремениот вршител на должноста на Русија му беше изнесено незадоволството на Турција и дека во случај да се повтори истиот (нападот) Турција ќе возврати неколку пати повеќе.

Портпаролот Муфтуоглу меѓудругото рече дека од Русија очекуваме да фрли конкретен чекор за затворање на канцеларијата на ПЈД во оваа земја.

Вчера еден војник на командата на пограничната караула Буќулмез во Рејханли кај Хатај загина од куршумот на еден снајперист за време на дежурството на границата со Сирија во подрачјето кое се наоѓа под контрола на ПЈД/ПКК.



Слични вести