МНР му врачи протестна нота на амбасадорот на Норвешка во Анкара

Акцијата насочена против нашата амбасада претставува јасен показател за сериозниот безбедносен и разузнавачки пропуст и недостаток

697545
МНР му врачи протестна нота на амбасадорот на Норвешка во Анкара

Портпаролот на Министерството за надворешни работи (МНР) Хусејин Муфтуоглу во врска со давањето азил на поранешните офицери приврзаници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) рече дека Вегад Елефсен, амбасадорот на Норвешка во Анкара бил повикан во министерството за да му изрази протест.

По информациите кои беа објавени до медиумите во врска со барањето азил од страна на офицерите кои се ангажирани во едукативниот центар на НАТО во Норвешка, портпаролот Муфтуоглу на прес конференцијата посветена на прашањето рече:

Жална и неприфатлива е веста за давање азил на турските државни службеници од страна на една сојузничка земја, кои по обидот за воен удар на 15 јули беа повикани да се вратат назад во земјата и наместо тоа, искористувајќи ги политичките, социјалните и економски можности на земјата во која се наоѓаа на привремена должност, ја злоупотребија должноста.

Во освртот на поставувањето плакати на згрдата на амбасадата на Турција во Виена, портпаролот Муфтуоглу рече:

Одговорноста ја презеде група екстремни десничари. Оваа акција насочена против нашата амбасада претставува јасен показател за сериозниот безбедносен и разузнавачки пропуст и недостаток. Акцијата претставува неминовна последица на провокативните и неодговорни реторики на австриското раководство насочени против Турција.



Слични вести