Турција остро реагираше на одобрението на Холандија

Одобрението на Холандија за одржување протести на приврзаниците на ПКК, јасен показател за пристрасната и непријателска политика што ја следи Холандија во последно време против Турција

696457
Турција остро реагираше на одобрението на Холандија

Турција остро реагираше на одобрението на Холандија за одржување протести на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК.

Во писменото соопштение што беше објавено од страна на министерството за надворешни работи беше истакнато следното:

Одобрението на Холандија за одржување протести на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК претставува јасен показател за пристрасната и непријателска политика што ја следи Холандија во последно време против Турција.

Во соопштението се потенцираше на спречувањето на Холандија на турските министри да допатуваат во оваа земја и нивниот влез во зградата на генералниот конзулат.

Неприфатливо е давањето одобрение од страна на Холандија за одржување протести на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК пред референдумот на 16 април на кои беа извикувани слогани против референдумот, која од друга страна пак ги прекрши меѓународните договори и конвенции и го спречи состанувањето на турските политичари со турските граѓани кои живеат во оваа земја. Овој став на Холандија претставува нов пример за двојниот стандард што го применува кон Турција и навистина претставува поучен пример за искривената имплементација на универзалните вредности.

Приврзаниците на терористичката организација ПКК под изговор дека го слават Невруз, одржаа митинг на кој носеа фотографии на челникот на терористичката организација и партали кои го симболизираа знамето на терористичката организација.



Слични вести