Ердоган:Турција не е земја со чија гордост може да се игра

Претседателот Ердоган на средба со претставници од Друштвото на издавачите Анадолија се задржа на непримерното однесување на германските и холандските власти кои ги спречија турските министри да одржат средби со Турците кои живеат во овие земји

696808
Ердоган:Турција не е земја со чија гордост може да се игра

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги предупреди европските земји со зборовите:Турција не е земја со чија гордост може да се игра.

Ердоган на средба со претставници од Друштвото на издавачите Анадолија се задржа на непримерното однесување на германските и холандските власти кои ги спречија турските министри да одржат средби со Турците кои живеат во овие земји и со следните зборови се обрати на канцеларката Меркел: Ги затвораш вратите на Германија за турскиот претседател и за турските министри,не дозволуваш нивните авиони да слетаат, не дозволуваш да се обратат на Турците  во твојата земја, се изјаснуваш дека си покрај Холандија која не и дозволува на една турска министерка да излезе од возилото. Добро ако е така ,убаво ,тогаш и јас велам дека сум покрај мојот народ и покрај правдата. Турција ќе биде изолирана, ќе биде жртва на игра, нејзините министри ќе бидат избркани од пред портите на Германија и на Холандија, а нејзините граѓани ќе се валкаат на подот. А не, Турција не е земја која може да се понижи на таков начин. Светот со интересирање следи што се случува деновиве, така да се додека вие продолжувате да се однесувате на овој начин, ниту еден Европеец во ниту една земја во светот не може слободно да излезе на улица. Ако отворите пат на оваа опасна игра,самите ќе настрадате“.

Претседателот Ердоган во продолжение ги повика европските земји на почитување на демократијата, човековите права, слободите за кои рече дека се неминовни како за Турција, така и особено за Европа.

Ердоган исто така се закани дека нема да се дозволи да се врши шпијунажа на штета на Турција под плаштот на новинарството.

 

 



Слични вести