Сржта на фудбалот исто како и на политиката се конкурентноста и трката

Исто како и фудбалот и политиката е колективна игра

695106
Сржта на фудбалот исто како и на политиката се конкурентноста и трката

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека сржта на фудбалот исто како и политиката се конкурентноста и трката.

Во говорот на Меѓународниот состанок на фудбалот што се одржа во Конгресниот центар Халич (Златен рог) во Истанбул претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека трката во првата етапа на политиката е да се извојува победа на изборните гласачки кутии, додека втората етапа е да се пружат услугите откако ќе се стекнете со одговорноста.

Исто како и фудбалот и политиката е колективна игра, рече Ердоган и потенцираше:

Политиката бара силна екипа и кадар. Како што екипата која нема добар план, тактика и стратегија не може да го подигне пехарот, така и политичарите и политичките партии кои немаат што да им кажат на граѓаните, немаат шанси за успех.

Како што се губи спортскиот и џентлменски дух кога во спортските дисциплини ќе настапат насилството и агресивноста, така и во политиката кога ќе влезат лагата, клеветите и искривувањето на настаните, се постигнува истиот резултат, рече претседателот Ердоган и подвлече дека во суштината на фудбалот заедно со конкурентноста преовладуваат пожртвуваноста, џентлменството, пријателството и солидарноста.

Фудбалот е еден вид отпор, предизвик.

Во Турција обезбедивме голем  број градови да се стекнат со нови примерни стадиони, рече претседателот Ердоган и истакна дека наскоро планираат да се урне досегашниот стадион 19 мај во Анкара и на негово место да се зигради нов стадион со капацитет од 35 до 40 илјади гледачи.



Слични вести