354 цивили од Сирија сместени во кампот под шатори кај Џераблус

Колоната од 32 автобуси после патување кое траело околу 12 часа пристигнала околу пладне во кампот под шатори кај Џераблус.

694723
354 цивили од Сирија сместени во кампот под шатори кај Џераблус

354 цивили од селото Ваер кај опседнатиот Хумус во северот на Сирија кои биле евакуирани пристигнаа во кампот под шатори кај Џераблус вчера околу пладне. Колоната од 32 автобуси после патување кое траело околу 12 часа пристигнала околу пладне во кампот под шатори кај Џераблус.

После сместувањето во кампот кој што се наоѓа во близина на селото Амерне кај Џераблус, цивилите ги добиле првите најпотребни работи,како што се храна и облека.

Синан Атакан подрачен директор на владината управа за елементарни непогоди и итни состојби АФАД по тој повод изјави дека, кампот бил поставен на површина од 14 хектари, дека во кампот биле поставени 306 семејни шатори и 230 помали.

Во случај во кампот да пристигнат нови групи на цивили од Сирија, наскоро планираме да поставиме уште стотина шатори кои ќе бидат опремени со најпотребните работи, како ќебиња и лежаи. За секое семејство обезбедивме кујна и санитарен јазол, вода, пакети со храна и други материјали потребни за домаќинство. Болните или постарите и изнемоштени лица веднаш ги префрлуваме во болница, додава Синан Атакан.

 



Слични вести