На 30 март во посета на Турција ќе допатува американскиот министер Рекс Тилерсон

За посетата на Тилерсон е известен и претседателот Ердоган кој рече дека ако не излезе некоја друга работа ќе го прими

693526
На 30 март во посета на Турција ќе допатува американскиот министер Рекс Тилерсон

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека на 30 март во официјална посета на Турција ќе допатува американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал министерот Чавушоглу направи проценка на актуелните случувања. На прашањето дали наскоро од САД се очекува посета на високо ниво на Турција, министерот Чавушоглу рече дека на 30 март во посета на Турција ќе допатува министерот Тилерсон.

Чавушоглу рече дека на Тилерсон му одговорил дека ќе биде во Анкара и дека ќе биде слободен.

Ист така му реков дека сакаме да го пречекаме. Во врска со посетата го информиравме и претседателот Ердоган кој рече дека во случај да не излезе некоја неочекувана работа дека ќе го прими министерот Тилерсон. За посетата го известивме и премиерот Јилдирим. Во случај да не излезе некој друг проблем, американскиот министер за надворешни работи Тилерсон на 30 март ќе допатува во посета на Турција.

По референдумот на 16 април се очекува претседателот Реџеп Тајип Ердоган да одржи средба лице во лице со американскиот претседател Доналд Трамп, рече министерот Чавушоглу.



Слични вести