Ердоган упати порака по повод 18 март

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати порака со честитки по повод 18 март, ден на славната битка на Чанаккале

693756
Ердоган упати порака по повод 18 март

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати порака со честитки по повод 18 март, ден на славната битка на Чанаккале.

Во пораката претседателот Ердоган го истакнува следното: Славната битка на Чанаккале покажа што се може да постигне турскиот народ кога е во прашање татковината, верата, слободата и иднината.

Во пораката на претседателот Ердоган се истакнува следното: Сето тоа што се случи ноќта на 15 јули 2016 година кога беше извршен обидот за воен удар на сите им ја покажа силата на народот и на неговата непоколеблива воља.

Сето модерно оружје кое што пучистите го користеа таа ноќ не им можеше ништо на храбрите срца на јунаците кои што се испречија пред тенковите.

Таа ноќ уште еднаш се докажа решителниот повик на турскиот народ од 1915 година „Чанаккале нема да падне“.

 



Слични вести