„Каде е слободата на веорисповест? Каде е слободата на религијата?“

Германија до денес не покрена ниту една судска постапка против терористите за кои поднесовме досиеја и барања

693160
„Каде е слободата на веорисповест? Каде е слободата на религијата?“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Европскиот суд за правда кој усвои одлука за забрана за носење шамија му се обрати со следните зборови:

„Каде е слободата на веорисповест? Каде е слободата на религијата?“

Во говорот на свеченото колективно отворање на некои објекти во Сакарја, претседателот Ердоган во врска со одлуката на Европскиот суд за правда работодавците, ги потсети дека ако сакаат можат да не дадат одобрение да работат жени кои се забулени.

Не треба да се заборави дека овие започнаа борба меѓу крстот и полумесечината. Бидејќи нивниот начин на однесување не може да се објасни поинаку. Европа интензивно се враќа кон периодот од пред Втората светска војна.

Во освртот на вчерашните парламентарни избори во Холандија, претседателот Ердоган рече дека покрај тоа што претсдетаелот на народната партија за слобода и демократија и премиер марк Руте победи на вчерашните избори, изгуби една пријателска земја како што е Турција.

Потсетувајќи дека Руте во една изјава за печатот рекол дека по изборите постои можност да ручаат заедно со премиерот Бинали Јилдирим, претседателот Ердоган рече:

Во Турција не постои таков премиер кој по сите ваши напади ќе седне со вас на иста маса и ќе јаде. Тоа ќе го поминете. Ти самиот изгуби Руте. Посочуваат на договорот за реадмисија. Каков договор? Ќе го поменете и тоа. Ти на мојот министер нема да му дозволиш да влезе во Холандија, нема да му дадеш дозвола за летање на министерот за надворешни работи, нема да му дадеш одобрение на мојот министер да влезе во зградата на генералниот конзулат која се наоѓа на моја територија, потоа без срам од мене ќе очекуваш да го почитувам договорот за реадмисија или нешто друго. Такво нешто не постои.

Претседателот Ердоган упати остри критики и на сметка на Германија која исто така на турските министри не им дозволи да одржат состаноци и потенцираше дека не чело на овие забрани се наоѓа раководството на Берлин.

Со германските власти ќе седнеме на преговарачката маса и ќе размениме детални мислења во врска со прашањето. Турција до денес на Германија и достави досиеја со барање на 4500 терористи членови на сепаратистичко терористичката-организација ПКК. Но за жал Германија до денес не покрена ниту една судска постапка.

Германија во резиденцијата во Анкара цел еден месец го криеше терористот Дениз Јуџел кој минатиот месец беше уапсен. Сега германската канцеларка од мене го обара овој терорист. Мојот одговор гласи. Ако вашето правосудство е непристрасно, тогаш и нашето е непристрасно. Бил германски државјанин. Па што ако е. Без оглед на тоа за чии граѓани станува збор, ако овие граѓани се бават со терористички акции и активности или пак шпионажа во Турција, тогаш ќе го платат цехот за тоа, подвлече предателот Ердоган.



Слични вести