По улиците на Европа владее духот на фашизмот

Овие немаат никаква врска со цивилизираноста

692302
По улиците на Европа владее духот на фашизмот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека на ЕУ не и остана право да дели совети одржува лекции за демократија, слобода, правда, владеење на правото.

Претседателот Ердоган рече: „По улиците на Европа владее духот на фашизмот“.

Во говорот на манифестацијата на плоштадот република што се одржа во Афјонкарахисар по повод свеченото отворање на некои објекти во градот, претседателот Ердоган се осврна на парламентарните избори кои се одржуваат денес во Холандија.

Ердоган рече:

„Овие немаат никаква врска со цивилизираноста. Овие немаат никаква врска со модерниот свет. Истите овие масакрираа над 8 илјади Бошњаци муслимани во Сребреница за време на војната во БиХ“.

Ердоган потсети дека Истанбул и Ротердам се збратимени градови. Градоначалникот на Ротердам бил збратимен град со Истанбул. Синоќа на премиерот му реков: Веднаш да го побара градоначалникот на Истанбул и да му кажеме еднострано да го поништат договорот за збратимување на градовите. Бидејќи не е можно да бидеме браќа со овој вид луѓе.

Европа се плаши од се што е не нивно. Европа напредува да се дави во својот страв. Сега се плашат од Турците, исламот. Бидејќи не им останаа никакви вредности, се плашат дури од мигрантите кои се засолнаа во нивните земји. Се плашат од се што не е нивно. Се претвораат во непријатели кон сето она што не е нивно, рече Ердоган.

Критикувајќи го ставот на Европа кон Турција, претседателот Ердоган рече дека со противречниот став кон нашата земја, ја испразнија сутината на ЕУ. Ете за пример погледнете, зарем Англија не се отцепува од ЕУ? Со Брегзит одржа референдум и усвои одлука за отцепување. Затоа во иднина ниту ЕУ ниту пак некоја друга европска земја не остана која ќе може да одржува лекции и дели совети за демократија, слобода, правда, право.



Слични вести