Некои земји на ЕУ не можат да го поднесат напредокот на Турција

Шефот во мојата земја е народот

690765
Некои земји на ЕУ не можат да го поднесат напредокот на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека некои земји на ЕУ на чело со Германија не можат да го поднесат напредокот на Турција

Во освртот на грдиот став на Германија и Холандија, претседателот Ердоган рече дека по дипломатски пат ќе се праша сметката за тоа и дека ќе се оди до Европскиот суд за човекови права.

Моментално германската канцеларка Ангела Меркел официјално изјави дека ја поддржува Холандија. Можат да ја поддржат Холандија колку што сакаат. Почитувана Меркел, Вие ги поддржувате терористите, зошто ги криете приврзаниците на оваа терористичка организација во вашата земја: Зошто не преземате ништо?

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал претседателот Ердоган рече дека направи проценка на актуелните случувања.

Ердоган остро реагираше на зборовите на холандскиот премиер Марк Руте чија цел беше самиот и рече:

„Господинот во Холандија вели дека „ние сме шефови на оваа земја'“. Долу ја ставиле прешкртаната фотографија на овој сиромав. Јас впрочем не сум шеф. Шефот во мојата земја е народот. Народот Руте, ти се уште ја немаш разбрано демократијата. Според мене, ти би требало да ја научиш демократијата.

Ниеден премиер не може да биде шеф. Народот е шеф во тие земји, во демократиите. Да се рече: 'јас сум шеф' е непочитување кон народот. Впрочем кај овие и онака нема почитување", рече Ердоган.

Сфаќањето на Холандија за Виенската конвенција е неонацизам. Можеме да кажеме дека станува збор за еден нов бран на нациза. Нуивното сфаќање за Виенската конвенција е тоа. Го покажуваат вистинското лице на Запад. Ние не саавме да го видиме ова лице, рече Ердоган.

Во освртот на операцијата во Мунбич во Сирија, претседателот Ердоган рече дека во последно време во борбата против тероризмот постигнавме значаен напредок. Јас им честитам на сите мои војници, полицајци, селски чувари кои се борат против тероризмот. Во последните месеци остварија многу успешни операции. Се надевам дека сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, ЈПГ ќе го напушти Мунбич и ќе го сместиме локалното население на овие простори. Турција во борбата против тероризмот е присатна како на маса така и на терен. Со новиот претседателски систем овие активно ќе имаме можност да ги оствариме многу побрзо и поефективно. Прогласувањето на автономијата од страна на ПЈД/ЈПГ е приказна. Без дозвола на Турција не можат да фрлат ниту еден чекор, подвлече претседателот Ердоган.

Во коментарот во врска со претстојниот референдум за претседателскиот систем на 16 април, претседателот Ердоган рече дека со порастот на популацијата се зголемува и бројот на пратениците. Не е правилно да ги омаловажите младите на 18 годишна возраст кои ќе се кандидираат за пратеници. Кандидатот кој на 18 години ќе стане пратеник, на 6 години ќе може да се пензионира. Се укинуваат воените судови. Ќе дојде поефективна и трансформациона управа, рече Ердоган.



Слични вести