Ставот на Германија во последниот период кон Турција може да се оцени како вистинска параноја

Кемал Инат од фондацијата СЕТА истакнува дека, ставот на Германија во последниот период кон Турција може да се оцени како вистинска параноја

687354
Ставот на Германија во последниот период кон Турција може да се оцени како вистинска параноја

Кемал Инат од фондацијата СЕТА истакнува дека, ставот на Германија во последниот период кон Турција може да се оцени како вистинска параноја.

Германија го спречи обраќањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на митингот во Келн минатата година после обидот за воен удар реализиран од страна на фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016. но не остана само на тоа, туку германските власти го спречија обраќањето на министерот за правда Бекир боздаг до Турците кои живеат во Германија по повод претстојниот референдум за уставните измени закажан за 16 април годинава.

Кемал Инат понатаму вели дека лобистите кои што се против Турција во Германија, ги имаат земено под хипотека турско-германските односи. Германија на Турција гледа како на земја која може да изврши влијание врз внатрешната политика на земјата. Во последните години благодарение на својот економски, воен и дипломатски развој Турција за разлика од претходните години може многу послободно да се изјаснува кога е во прашање Германија.

Крајно време е Германија да се откаже од користењето на ерменското прашање како адут против Турција, да престане со директната и индиректната поддршка на терористичките организации кои делуваат на штета на Турција, да престане со прислушувањето на претставниците на турските власти и да и дели лекции по демократија на Турција особено после обидот за воен удар на 15 јули минатата година.

 



Слични вести