Продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Во судирите во руралното подрачје на Лиџе беа неутрализирани 4, а во Генч 6 терористи

686950
Продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Во операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Лиџе кај Дијарбакир која беше поддржана и од воздух беа неутрализирани 10 терористи.

Просторите на кои се наоѓаа терористите најпрвин беа бомбардирани од страна на авионите на Турските воздушни сили.

Нешто потоа започнаа судири со терористите.

Во судирите во руралното подрачје на Лиџе беа неутрализирани 4, а во Генч 6 терористи.

Еден од терористите кои беа неутрализирани во Лиџе беше Ерхан Сисе кој беше познат под кодното име Едип Јетут и се бара за 22 кривични дела и 7 бомбашки напади во Дијарбакир.

За терористот кој се наоѓа на зелената листа на барани лица беше распишана потерница со награда од 1 милион турски лири.

Во операцијата на Кемах кај Ерзинџан која исто така беше поддржана и од воздух беа уништени пештерите и засолништата кои се употребуваа од страна на терористите.

Во операцијата беа запленети големи количини оружје и муниција како и дрога.

Во рамките на операцијата на Хакќари во коритото на една река беа пронајдени еден ракетен фрлач и пет ракети кои се планираше да се употребат во напади на јавни установи, а исто така беше фатен и еден терорист кој се подготвуваше за атентат.



Слични вести