Неприфатлив е порастот на резигнацијата во Германија против Турција

Забраните и скратувањето на правото на турските политичари за кампањи  неповолно се одразуваат врз билатералните односи меѓу двете земји

687114
Неприфатлив е порастот на резигнацијата во Германија против Турција
çavuşoğlu almanya1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека е неприфатливо тоа што во Германија во последно време расте резигнацијата против Турција.

На средбата со турските граѓани во Хамбург, министерот Чавушоглу рече дека забраните за одржување средби со турските граѓани и скратувањето на правата на турските политичари за одржување кампања за референдумот не ќе можат да ги заплашат и никогаш не ќе можат да ги прекинат врските меѓу Турција и турските граѓани кои живеат во странство.

Забраните и скратувањето на правото на турските политичари за кампањи  неповолно се одразуваат врз билатералните односи меѓу двете земји рече Чавушоглу и потенцираше дека турските граѓани кои живеат во Германија се изложени на притисок.

Во Германија се води систематска резигнација против Турција и неприфатлив е систематскиот притисок врз нашите граѓани кои живеат во оваа земја.

Турските граѓани во Германија се значаен мост на пријателство меѓу двете земји, посочи министерот Чавушоглу и нагласи дека покрај желбата за одржување добри односи со Германија, исто така треба да се сфати дека нема да потклекнеме на неповолните ставови.



Слични вести