Чавушоглу,Турските политичари во Германија не доаѓаат за да се мешаат во внатрешните работи на оваа

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Германија се сретна со својот колега Зигмар Габриел

687338
Чавушоглу,Турските политичари во Германија не доаѓаат за да се мешаат во внатрешните работи на оваа

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Германија се сретна со својот колега Зигмар Габриел.

Средбата се одржа во главниот град  Берлин.

После состанокот министерот Чавушоглу изјави за печатот дека ценетиот колега Габриел сосема отворено и искрено ги искажа своите мисли и желби како и очекувањата на Германија. Мојот пријател Габриел ова лето одморот ќе го помине во Турција. Јас го известив мојот ценет колега Габриел за загриженоста на мојата земја по повод систематките притисоци на кои се подложени Турците во Германија,воедно му напомнав дека тоа директно се коси со германската интеграциона политика.

Јас исто така го известив мојот колега Габриел за загриженоста на мојата замја за присуството на терористички организации во Германија и буквално му реков: Овие змии еден ден и вас ќе ве каснат, затоа што тие се непријатели на човештвото.

Чавушоглу додаде дека смета дека што поскоро треба да се престане со систематското непријателство кон Турција. Германија самата треба да го направи својот избор, дали ќе бидеме пријатели или патиштата целосно ќе ни се одвојат.

Турските политичари во Германија не доаѓаат за да се мешаат во внатрешните работи на оваа земја,туку за да се обратат до своите сонародници Турци кои живеат во Германија, бидејќи мислиме дека Германија е демократска држава.

Министерот за надворешни работи на Германија Габриел после состанокот со колегата од Турција Чавушоглу кој што траеше час и половина, изјави за печатот дека односите меѓу двете земји поминуваат низ еден турбулентен период но дека и покрај разликите во ставовите нема друга алтернатива освен дијалогот.

 



Слични вести