Продолжува активна телефонска дипломатија меѓу Анкара и Берлин

Министерот Чавушоглу на германскиот колега му го изрази незадоволството на Турција од попречувањето и скратувањето на правото за одржување на средбите на турските политичари со Турците во Германија

686178
Продолжува активна телефонска дипломатија меѓу Анкара и Берлин

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу одржа телефонски разговор со германскиот колега Сигмар Габриел.

На третиот телефонски разговор во последните 4 дена, беа разменети мислења во врска со средбите на турските политичари и премиерот кои се планира да ги остварат во Германија.

Министерот Чавушоглу на германскиот колега му го изрази незадоволството на Турција од попречувањето и скратувањето на правото за одржување на средбите на турските политичари со Турците во Германија.

Денешната средба на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу со Турците во Хамбург во салата Плаза Евент Центар беше одложена поради недоволна заштита од пожар.

Во меѓувреме беше резервирана една друга сала чие име не беше објавено.

Двајцата министри кои во последно време одржуваат интензивни телефонски разговори, утре (8 март) се очекува да се состанат во германскиот главен град Берлин.

По скратувањето на правото на турските политичари министерот за правда Бекир Боздаг и министерот за економија Нихат Зејбекчи за одржување средби со Турците во Германија беше доживеана напнатост меѓу Анкара и Берлин.



Слични вести