Непрекинато продолжуваат операциите против терористичката организација

Во Шемдинли кај Хакќари беа уапсени двајца терористи од сириско потекло

686208
Непрекинато продолжуваат операциите против терористичката организација

Непрекинато продолжуваат операциите против терористичката организација во целава земја

Во Шемдинли кај Хакќари беа уапсени двајца терористи од сириско потекло на ЈПГ, сириското продолжение на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои по илегален пат влегоа во земјава.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Губернијата беше истакнато дека екипите на полицијата на Шемдинли почнале да ги следат двајцата сириски бегалци од кои се посомневале.

По апсењето на двајцата бегалци од сириско потекло, беше утврдено дека учествувале во акциите на терористичката организација ЈПГ сириското продолжение на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК/КЏК.

Откако беа изнесени пред суд, двајцата терористи беа уапсени.

На пријавата на граѓаните во Кизилтепе кај Мардин беше уапсена една жена која предизвика сомнение.

Кај жената која беше приведена беше пронајдена фалсификувана лична карта и по истрагата беше утврдено дека била член на терористичката организација ПКК, а која делуваше во планините.



Слични вести