Девлет Бахчели изрази поддршка на острата реакција на претседателот Ердоган против Германија

Европа е значаен дел за турскиот свет.

685993
Девлет  Бахчели изрази поддршка на острата реакција на претседателот Ердоган против Германија

Продолжува реакциите против скратувањето на правото на турските политичари да одржуваат кампања за референдум за Турците кои живеат во Германија

Претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели изрази поддршка на острата реакција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган насочена против Германија.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал Девлет Бахчели потсети дека во Европа живеат околу 4 милиони Турција и на претседателот Ердоган му изрази поддршка дека го подржува.

„Ако претседателот Ердоган одлучи да замине во посета на Европа, не е сам“ рече Бахчели и истакна дека во посета на Европа може да замине заедно со претседателот Ердоган. Искрено ви велам, се што правиме е во корист на Турција, рече Бахчели.

Европа е значаен дел за турскиот свет. За формирање нов турски дух, јас го поддржувам претседателот Ердоган, рече Бахчели.

Премиерот Бинали Јилдирим во интервјуто за еден приватен ТВ-канал рече дека изјавата на Бахчели е многу значајна и истата претставува пример за солидарност.

Јилдирим додаде дека претходно поддршка на претседателот Ердоган му изрази и поранешниот претседател на Републиканската народна партија (ЏХП) и пратеник од Анталија Дениз Бајкал.

Јас искрено се заблагодарувам се изразената поддршка, бидејќи кога станува збор за татковината, останатото не е важно. Наша посебна карактеристика е тоа што во тешки ситуации, без оглед на разликите во погледите и ставовите, можеме да преземеме заеднички иницијативи.

Слична ситуација беше доживеана по 15 јули со духот кој беше формиран на митингот во Јени Капи.

Денес заедничкиот став против испадите на Европа насочени против референдумот претставува извонредна порака за нашето единство. Особено кога е во прашање националното прашање на Турција, мислам дека ставот за нашето единство претставува извонредна порака до Европа, рече премиерот Јилдирим.

Заменик генералниот секретар и портпарол на кабинетот на претседателот, Ибрахим Калин исто така му се заблагодари на поддршката на претседателот на Партијата за национално движење МХП Девлет Бахчели која му ја изрази на претседателот Ердоган.

Калин во пораката преку профилот на Твитер рече: Почитуваниот Девлет Бахчели со оваа изјава уште еднаш го покажа својот племенит и достоинствен став. Му честитам и му благодарам.



Слични вести