Ердоган,ете тоа е демократијата на Западот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган  рече дека за жал нацизмот е се уште присутен во Германија

685233
Ердоган,ете тоа е демократијата на Западот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган  рече дека за жал нацизмот е се уште присутен во Германија

Ердоган упати остри критики на адреса на Германија која не им дозволи на двајцата турски министри да одржат состанок со турската заедница во Германија.

Ердоган рече: Ако сакам можам да отпатувам во Германија, и во случај да не ми дозволите за влезам и да одржам говор ќе го кренам светот на нозе. Се обраќам на светот кој што верува во демократијата.Ако се бориме за демократија,ако сакаме слобода на говорот и ако веруваме во демократијата никој не може да застане на нашиот пат. Ете тоа така треба да се знае.

Ете тоа е вашето разбирање за демократијата,за слободата.Ако вие го ослободувате човекот кој бил осуден во Турција вие сте одговорни за тоа и за јатакување на тие што се криви. Но кога мојот министер ќе каже дека сака да се состане со нашите сограѓани во Германија, работите веднаш се вртат во друг правец.

Осврнувајќи се на неуспешниот обид за воен  удар на 15 јули претседателот Ердоган рече дека предавниците ќе платат за крвта која ја пролееја таа ноќ, борбата со терористичката организација ФЕТО е најтешката,најострата и највиталната борба во модерната историја на државата на Република Турција.

Познато ни е на сите како европските престолнини со децении им пружаат засолниште на терористите кои со крвави раце пребегале од  Турција и турската правда.

Што се однесува до враќање на смртната казна во Турција претседателот Ердоган рече дека ако парламентот се одлучи за, јас ќе го потпишам указот за воведување на смртна казна во Турција.

 

 



Слични вести