Синоќа во близината на Хатај се урна еден борбен авион на режимот на Сирија

Пилотот на борениот авион од типот Миг успеал да скокне од авионот пред да падне

684885
Синоќа во близината на Хатај се урна еден борбен авион на режимот на Сирија

Синоќа во близината на месноста Самандаг кај Хатај од непознати причини се урна еден борбен авион на режимот на Сирија.

Пилотот на борбениот авионот кој скокна со пдобранец беше прнајден и префрлен на лекување во болница.

Премиерот Бинали Јилдирим на прашањата на новинарите во Невшехир рече дека пилотот на борениот авион од типот Миг успеал да скокне од авионот пред да падне.

За кратко време во подрачјето каде што паднал авионот биле спратени екипи за спасување и пребарување.

Губернерот на Хатај Ертал Атат во изјавата за ТРТ рече дека остатоците на авионот кој падна на 8 км западно од градот биле откиени за кратко време од страна на екипите на жандармеријата, Управата за итни состојби АФАД и здравствените екипи и дека по пристигнувањето кабината на авионот била празна.

Губернерот Ата рече дека причината за паѓањето на авионот не е Турција ниту пак прекршување на воздупниот простор.

Во подрачјето беше згаснат поѓарот кој беше предизвикан од авионот.

Во меѓувреме, по 9 часовно истражување од страна на екипите за спасување и пребарување пилотот на авионот беше пронјаден на 500 метри од падобаренцот. Пилотот беше многу истоштен.

Пилотот од сириско потекло чиј идентитет сеуште не е утврден од страна на екипите на жандармеријата на месноста Алтинозу беше префрлен во градската команда.

По првата помош што му беше пружена во амбулантната кола, повредениот пилот беше префрлен на лекување во Државната болница на Хатај.

Авионот беше со еден пилот и немаше друг пилот. Властите ги окончаа активностите за пребарување и спасување.



Слични вести