Чавушоглу, Германија не е шеф на Турција

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу реагираше на откажувањето на средбата со турските државјани на министрите за правда и на економија Бекир боздаг и Нихат Зејбекчи  во Германија

684068
Чавушоглу, Германија не е шеф на Турција

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу реагираше на откажувањето на средбата со турските државјани на министрите за правда и на економија Бекир боздаг и Нихат Зејбекчи  во Германија.

Министерот Чавушоглу рече дека во последно време ова однесување стана пракса на длабоките државни структури во Германија.

Инаку министерот Чавушоглу одржа заедничка конференција за печатот со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Шијарто кој престојува во посета на Турција.

Министерот Чавушоглу рече: Овој став на Германија навистина нема врска ниту со демократијата ниту со слободата на изразувањето. една земја која знае да дели лекции по демократија на другите, па дури на тој начин и се меша во внатрешните работи на други земји, со една ваква скандалозна забрана само покажува колку применува двоен стандард.

Да потсетам дека истата таа Германија минатата година го спречи говорот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод неуспешниот обид за воен удар на 15 јили 2016, но за жал и даде дозвола за одржување митинг на терористичката организација ПКК, на кој челникот на организацијата во живо се вклучи на митингот.

Ова однесување на германските власти апсолутно нема никакво друго објаснување туку само примена на двоен стандард, подвлече министерот Чавушоглу.

Чавушоглу во продолжение кажа: Ете сега дури и општините ги откажуваат состаноците. тоа не е случајно.Ова вече се претвори во систематско однесување на длабоките државни власти во Германија. Треба да се однесувате кон Турција како кон еднаква со вас. Турција не прима наредби од вас. Ниту вие можете да и наредувате. Вие не сте од прва а Турција од втора класа. Ние не се однесуваме така кон вас. И вие кон Турција треба да се однесувате како кон партнер со еднакви права.

Систематскиот притисок што го вршите врз турското општество нема да го натера да потклекне пред вас. Тоа нема да ви успее.Туку дојдете да работиме заедно. Но ако сакате да работите со нас, треба да научите како да се однесувате кон нас.Ова вака не оди ,затоа што и ние ќе го дадеме адекватниот одговор и тоа без било какво воздржување. За тоа што понатаму ќе се случи размислете самите.

 

 



Слични вести