Турската економија е отпорна на сите видови шокови

Постојат одредени средини кои што сакаат Турција да биде слаба земја

682936
Турската економија е отпорна на сите видови шокови

Министерот за правда Бекир Боздаг рече дека турската економија е отпорна на сите видови шокови.

На средбата со претставниците на турската заедница во Стразбур, министерот Боздаг рече дека турските граѓани кои живеат во странство одиграа голема улога во издигнувањето на Турција на повисоко ниво и да стане поголема земја.

Како резултат на силната економија, политичката стабилност, силната влада, ефикасното раководство, Турција се најде меѓу силните земји во светот.

Турција во последните 15 години постигна 3.5 пати поголем раст, рече Боздаг и посочи дека постојат одредени средини кои што сакаат Турција да биде слаба земја, целата енергија да ја троши само справувајќи се со внатрешни проблеми и да биде индиферентна во однос на случувањата во околината.

Во освртот на ефикасната борба против тероризмот, министерот Боздаг рече дека Турција е земјата која води најефикасна и искрена борба против тероризмот.

Предлогот за уставните амандмани со кој се предвидува земјата да премине кон претседателски систем а за кој на 16 април ќе се одржи референдум не претставува промена на режимот, рече Боздаг.

На референдумот на граѓаните ќе им се постави прашањето: Дали сакате власта директно да ја изберат самите?

Со тоа народот се стекнува со ново право. Ќе има право самиот директно да ја избере владата и извршната власт. Нашиот народ е подостоен од парламентот за искористување на ова право, рече Боздаг.

Турција е принудена да го исполни условот за промена на системот, рече Боздаг и посочи дека ако не се промени системот, Турција ќе продолжи да губи непотребно време.



Слични вести