Ердоган, по Ел Баб на ред е Мунбич

Турција нема територијални претензии кон Сирија,туку напротив дека мора да внимава на сопствената безбедност и да го запре бранот бегалци

683318
Ердоган, по Ел Баб на ред е Мунбич

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на враќање од официјалната посета на Пакистан во авионот водеше неврзан разговор со новинарите кои го пратеа.

Ердоган во оваа прилика рече дека Турција нема територијални претензии кон Сирија,туку напротив дека мора да внимава на сопствената безбедност и да го запре бранот бегалци.

Што се однесува до воената операција Штитот на Еуфрат на турските сили зад границата во Сирија претседателот Ердоган рече: 

По Џераблус, Раи и Дабик стигнавме до Ел Баб. Може слободно да кажеме дека ние го почистивме ел Баб. Се уште немаме завршено.Следната цел после ел Баб е Мунбич.

 Администрацијата на новиот американски претседател Трамп сеуште нема јасен став за Мунбич и за Рака.Ако настапуваме заедно со силите на коалицијата би можеле да бидеме вклучени во операцијата за ослободување на Рака. Доколку од Русија пристигне барање заедно да се бориме против ДЕАШ,може да се вклучиме во операцијата. Овој месец ќе отпатувам во посета на Русија,така да ќе имаме прилика да разговараме со Русите за прашањето.

На шпекулациите дека челникот на ФЕТО Фетулах Ѓулен планира да пребега во Канада,претседателот Ердоган рече дека не му е познато дали канадските власти ќе одговорат потврдно на тоа барање.Моментално нема некои сериозни најави за тоа,ако има ќе стапиме во контакт со канадските власти, истакна претседателот Ердоган.

 



Слични вести