Организацијата за економска соработка сеуште се соочува со одредени тешкотии

Организацијата беше формирана во 1985 година со цел да се поттикне и унапреди соработката и развојот меѓу земјите членки

681757
Организацијата за економска соработка сеуште се соочува со одредени тешкотии

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека треба да се прифати фактот дека Организацијата за економска соработка сеуште се соочува со одредени тешкотии во остварувањето на огромниот потенцијал со кој располага.

Уделот на земјите членки на организацијата од аспект на популацијата во светот изнесува 6 насто, додека во светската трговија само 2 насто.

Претседателот Ердоган, пред да отпатува за Пакистан на аеродромот Есенбога во Анкара одржа прес конференција.

Ердоган рече дека во рамките на претстојниот 13-ти самит на Организацијата за економска соработка во Исалмабад ќе одржи билатерални средби со светските лидери потенцирајќи дека Турција е една од земјите основачи на организацијата.

Организацијата беше формирана во 1985 година од страна на Пакистан и Иран со цел да се поттикне и унапреди соработката и развојот меѓу земјите членки, рече Ердоган и потенцираше:

Со текот на времето организацијата беше проширена со приклучувањето на останатите пријателски и братски земји во регионот. Денес организацијата има пристап на површина од 8 милиони квадратни км и популација од 400 милиони луѓе. Организацијата се состои од 10 земји членки. Гледано од тој аспект содржи сериозен потенцијал. Самитот во Исламабад се одржува во период кога се доживуваат доста критични и историски случувања. Евроазија поминува низ процес кога се повеќе зајакнува светско политичкото и трговско влијание ан економската сцена. Главна тема на самитот во Исламабад е поврзување на транспортните, комуникационите и трговските врски за постигнување регионален прогрес.

Железничката линија меѓу Баку – Тбилиси – Карс исто така ќе одигра значајна улога во постигнувањето на предвидената соработка, рече Ердоган.



Слични вести