Одлуката на австрискиот министер Курц се коси со универзалните начела на демократијата

Последниот став на Курц претставува пример на предрасуда и двоен стандард

681496
Одлуката на австрискиот министер Курц се коси со универзалните начела на демократијата

Турција соопшти дека одлуката на австрискиот министер за надворешни работи и интеграции Себајстијан Курц за забрана на изборните активности на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод референдумот кој се планира да се одржи на 16 април се коси со универзалните начела на демократијата.

Портпаролот на МНР Хусејин Муфтуоглу во изјавата за печатот во врска со прашањето рече дека последниот став на Курц претставува пример на предрасуда и двоен стандард.

Неприфатлива е неодговорната изјава на Курц која ги надмина сите граници и очекувања како и искривениот менталитет кој се крие во позадината, рече Муфтуоглу.

Учеството на турските граѓани и државјани кои живеат во странство во изборниот процес во Турција е еден од условите на демократијата, рече Муфтуоглу и потенцираше:

Овој процес нема никаква врска со внатрешната политика на Австрија. Спротивно на тврдењата на министерот Курц, во суштина неговите сепаратистички и оттуѓувачки изјави како и спречувањето на демократското право на турските граѓани се косат со процесот на интеграција. Објавувањето на изјавата од страна на еден министер одговорен за интеграции а која се заснова на погрешни проценки навистина предизвикува голема загриженост.



Слични вести