Во името на турскиот народ им се заблагодарувам на Турските вооружени сили

Турција и нанесе најголем удар на терористичката организација ПКК

681135
Во името на турскиот народ им се заблагодарувам на Турските вооружени сили

Министерот за национална одбрана Фикри Ишик им се заблагодари на Турските вооружени сили за херојството што го покажаа во операцијата на Ал Баб за чистење од терористите на ДЕАШ.

Во говорот на 20-то Генерално заседание на Фондацијата на граѓаните од Ѓумушхане во Коџаели, министерот Ишик рече дека Турција води интензивна борба против надворешните центри кои сакаат да ја расцепкаат земјата. Моментално Турција и нанесе најголем удар на терористичката организација ПКК во досегашната 35 годишна борба против оваа терористичка организација.

Зимските услови веќе не се пречка за продолжување и извршување на натамошните операции. Турските вооружени и безбедносни сили водат борба против тероризмот и терористите до 2 метри снег.

Додека од една страна водиме интензивна борба против силите кои ја играат улогата на подизведувачи на одредени средини, односно војуваат во интерес на другите, од друга страна истовремено водиме борба преку зацртаните граница на земјата, со цел целосно да се уништи тероризмот. Операцијата Еуфратски штит која започна на 24 август, претставува конкретен показател на нашата одлучност. Операцијата Еуфратски штит ја започнавме токму со таа цел. Целосно да ја уништиме терористичката организација ДЕАШ чии активности предизвикуваат закана за нашата земја, а не само за одбрана на нашите граници. Треба да се прегази главата на ДЕАШ.

Министерот Ишик во продолжение рече дека заврши операцијата во Ал Баб и дека војниците на Слободната сириска армија заедно со Турските вооружени сили целосно беше го исчистија подрачјето од ДЕАШ.

Исто така се исчистени гардовите раи и Дабик од терористите на ДЕАШ. Овие простори беа трансформирани во безбедни зони и дека продолжуваат активностите за изградба на потребната инфраструктура за натамошно продолжување на животот на жителите на подрачјето.

Турските вооружени сили, операцијата на Ал Баб ја завршија со големо херојство, поради што им се заблагодарувам в името на целиот турски народ. Турските војници покажаа големо херојство и пожртвуваност. Тие успеаја да го исчистат подрачјето од најкрвавата и најозлогласена терористичка организација, рече министерот за национална одбрана Ишик.



Слични вести