Турција нема да има лабав и мек однос кон тероризмот

Нема и не треба да се има толеранција кон тероризмот

674495
Турција нема да има лабав и мек однос кон тероризмот

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција нема да има лабав и мек однос кон тероризмот и како што денес им посочив на некои пријатели, ако во врска со терористичките организации мислите дека треба да ги оставите слободно оние кои што вам не ви нанесуваат штета, не треба да заборавите дека ќе дојде ден кога истите ќе ви нанесат штета и вам. Нема и не треба да се има толеранција кон тероризмот, рече министерот Чавушоглу.

Во рамките на посетата на Германија каде што учествува на состаноците на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г20, министерот Чавушоглу на манифестацијата што беше приредена од страна на организацијата Унија на европски турски демократи (УЕТД), направи проценка на актуелните случувања.

Министерот Чавушоглу во оваа прилика рече дека во рамките на секоја надворешна посета вложуваат напори да одржат средби со Турците кои живеат во странство и потенцираше дека почнувајќи од утре (сабота), премиерот Бинали Јидлирим исто така ќе престојува во посета на Германија.

Постои големо интересирање кон Турција, поради што водиме интензивна дипломатија и дипломатски активности. Затоа сите заедно работиме за посилна Турција, рече Чавушоглу и потсети дека во рамките на неодамнешната посета на германската канцеларка Ангела Меркел на Анкара и ги доставивме очекувањата на Турција од Германија во борбата против сепаратистичко терористичката организација ПКК и Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Наше природно право е да очекуваме да се фрлат конкретни чекори во борбата против тероризмот и наведените терористички организации. Не можеме да бидеме лабави кон тероризмот. Како што денес им посочив на некои пријатели, ако во врска со терористичките организации мислите дека треба да ги оставите слободно оние кои што вам не ви нанесуваат штета, не треба да заборавите дека ќе дојде ден кога истите ќе ви нанесат штета и вам. Нема и не треба да се има толеранција кон тероризмот, рече министерот Чавушоглу.

Турција активно ги следи расистичките напади во Германија, рече министерот Чавушоглу и упати остра порака во врска со обвинувањата на имамите на Секретаријатот за верски прашања и турска исламска заедница (ДИТИБ) за шпионажа.

Турција ги отфрла наводните тврдења насочени против ДИТИБ која претставува социјална организација формирана согласно законите на Германија. До денес оваа организација пружи сериозни услуги на сите муслимани кои живеат во Германија, а не само на Турците. Денес меѓу Турците во Германија нема ниту еден Турчин кој е радикален. Една од најзначајните причини за тоа е правилното обучување на хоџите, имамите, граѓаните, сонародниците со посредство на ДИТИБ за нашата света вера исламот. Затоа на организацијата ДИТИБ можеме само да и бидеме благодарни, рече министерот Чавушоглу.



Слични вести