Турција и САД го осудија бомбашкиот напад во ирачкиот главен град Багдад

Турција и САД го осудија вчерашниот реализиран бомбашки напад со возило натоварено со бомби на еден продажен салон за автомобили во ирачкиот главен град Багдад во кој животот го загубија 47 лица, а 50 лица беа ранети

674257
Турција и САД го осудија бомбашкиот напад во ирачкиот главен град Багдад

Вчера во реализиран бомбашки напад со возило натоварено со бомби на еден продажен салон за автомобили во ирачкиот главен град Багдад животот го загубија 47 лица, а 50 лица беа ранети.

Одговорноста за нападот во областа на продажни салони за автомобили Ел-Беја на југот на Багдад пшретежно населена со цивили ја презеде терористичката организација ДАЕШ.

Претходниот ден исто така во реализиран самоубиствен напад на еден продажен салон за автомобили во квартот Ес-Садр на истокот на Багдад животот го загубија 12 лица, а 30 лица беа ранети.

Турција остро го осуди вчерашниот бомбашки напад во Багдад.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се посакува милост од Аллах за загинатите, а на ранетите побрзо оздравување. 

Во соопштението се додава дека Турција ќе продолжи да делува во солидарност и единство со своите ирачки браќа во борбата против тероризмот.

Со соопштение се огласи и американскиот државен секретаријат во кое се изразува сочувство до семејствата н загинатите цивили во нападот и се вели следното: „Овие видови калективни масакри претставуваат пример за тоа колку ДАЕШ го омаловажува човечкиот живот и за сеење на семето на раздорот и поделбите меѓу ирачкиот народ.“

Во соопштението се нагласува дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат ирачките безбедносни сили против ДАЕШ и дека Вашингтон е во близок контакт со ирачките функционери.

Освен тоа во соопштението на Стејт департментот се истакнува дека САД ќе продолжат да водат заедничка борба со ирачката армија против ДАЕШ во Мосул и ќе помогнат за изнесување пред лицето на правдата на сторителите на овие „незамисливи кривични дела“.



Слични вести