Џозеф Данфорд ќе допатува во посета на Турција

Прва точка на разговорите ќе биде Сирија

674377
Џозеф Данфорд ќе допатува во посета на Турција

Началникот на американскиот здружен генералштаб Џозеф Данфорд ќе допатува во посета на Турција.

Министерот за национална одбрана Фикри Ишик кој престојува во посета на Белгија по повод состаноците на министрите за одбрана на НАТО, во изјавата во врска со посетата на Данфорд рече:

Данфорд денес ќе оствари критична средба со началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

Прва точка на разговорите ќе биде Сирија.

Министерот Фикри Ишик рече дека турската и американската страна ќе направат анализа и проценка на операцијата на Рака од воен аспект, односно дали операцијата може да се изврши заедно.

По техничките подготвителни активности, ќе се усвои конечна одлука во врска со можностите за остварување на заедничка операција. Исто така ќе се направи анализа на нашиот приговор до САД во врска со ПЈД/ЈПГ сирискиот огранок на терористичката организација ПКК. САД ќе даде поголема поддршка во борбата против  терористичката организација ПКК.

Во освртот на операцијата на Ал Баб, министерот за национална одбрана Ишик рече:

Во претстојниот период имаме две приоритетни цели. Првата е Мунбич, втората Рака.

Ќе се потсетите, новиот шеф на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео, минатата недела првата надворешна посета ја оствари на Турција.

На разговорите со Помпео беа разменети мислења во врска со ПЈД/ЈПГ и Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, рече министерот Ишик.



Слични вести