Зимски воени маневри на Турските вооружени сили во градот Карс

Во градот Карс се реализираат воени маневри на Турските вооружени сили (ТВС) на кои учествуваат вкупно 1.378 војници се користат и 330 возила од различен вид и 1.281 оружје од различна големина

673983
Зимски воени маневри на Турските вооружени сили во градот Карс

Зимските воени маневри на Турските вооружени сили (ТВС) се реализираат на полигонот за воени маневри Акбаба во градот Карс.

Со воените маневри кои што се реализираат еднаш на две години се има за цел да бидат извежбани можностите и способностите на воените единици за војување за време на снег и силни студови вклучувајќи и палба, ревитализација на бојното поле со сите димензии, зајакнување на синхронизацијата на палбата и маневрот.

Со воените маневри се има за цел и развивање на обуката и способностите во основни прашања како што се стационирање на воените единици за време на зимски услови и активности како што се нивно сместување, живот, облека, снабдување и одржување.

На воените маневри на кои учествуваат вкупно 1.378 војници се користат и 330 возила од различен вид и 1.281 оружје од различна големина.

Денеска во делот достапен за странски набљудувачи  воените маневри ги следат воени претставници од Азербејџан и Грузија и приближно 40 воени аташеа од други земји.



Слични вести