Министерот за одбрана Фикри Ишик: Областа на градот Ел Баб е под целосна опсада

Министерот за одбрана Фикри Ишик дека продолжуваат да се водат интензивни активности за исчистување на терористичката организација ДАЕШ од центарот на градот Ел Баб кој се наоѓа под целосна опсада

673884
Министерот за одбрана Фикри Ишик: Областа на градот Ел Баб е под целосна опсада

Министерот за одбрана Фикри Ишик во главниот град на Белгија Брисел каде што учествува на состанокот на НАТО на ниво на министри за одбрана изјави за новинарите дека продолжуваат да се водат интензивни активности за исчистување на терористичката организација ДАЕШ од центарот на градот Ел Баб и рече дека овие активности се водат заедно со Слободната сириска армија (ССА).

Ишик напомена дека областа на градот Ел Баб е под целосна опсада.

Велејќи дека по целосното исчистување на Ел Баб од терористичките елементи се очекува животот во овој град да се нормализира, Фикри Ишик истакна дека по Ел Баб Турција посакува елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ПКК целосно да се повлечат од Менбич.

Ишик рече: „Во оваа точка работиме со САД. Досега не можевме да го добиеме посакуваниот резултат. По операцијата на Ел Баб имаме два приоритети. Првиот е Менбич, а вториот Рака. Не можеме да го прифатиме постоењето на ПКК во Менбич. Одлучни сме во однос на реализација на оваа цел.“ 

Фикри Ишик истакна дека САД и придаваат значење на операцијата на Рака и нагласи дека приоритет на Турција е оваа операција да не се реализира со погрешни актери. 

Привлекувајќи внимание дека користењето на една терористичка организација против друга терористичка организација ќе стане причина за катастрофа, Ишик рече: „Ако сакате операцијата на Рака да биде успешна таа треба да се реализира со арапски елементи, а не со ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Како што можам да увидам јас САД не ја донеле својата конечна одлука по ова прашање. Не се на точка дека оваа рбаота сигурно ќе ја реализираат со ПЈД.“

Министерот за одбрана Фикри Ишик воедно информираше дека утре во посета на Анкара ќе допатува началникот на Здружениот генералштаб на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд.

Велејќи дека не мисли оти ставот на управата на Трамп во однос на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и ПЈД е ист со поранешната американска управа на Обама, Ишик рече: „Нивните ставови во иднина ќе се обликуваат согласно текот на заедничките активности.“



Слични вести