Интервју на претседателот Ердоган за катарскиот весник „Ел Араб“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервјуто за катарскиот весник „Ел Араб фазата до која што е додјено во сириската криза ја прокоментира со зборовите „Се виде светлина на крајот на тунелот“

673467
Интервју на претседателот Ердоган за катарскиот весник „Ел Араб“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Катар, последната станица од неговата турнеја по три заливски земји даде интервју за весникот „Ел Араб“.

Претседателот Ердиган во интервјуто одговараше на голем број прашања на чело со билатералните односи помеѓу Турција и Катар и ставот на западните земји пред обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ и сириската криза.

Ердоган најпрвин беше запрашан за билатералните односи во врска со што нагласи дека блиската соработка помеѓу Турција и Катар е значајна и од аспект на иднината на регионот и упати повик за проширување на оваа соработка кон сите земји во регионот.

Осврнувајќи се и на воената соработка помеѓу двете земји, претседателот Ердоган укажа на тоа дека ќе бидат продолжени чекорите во оваа сфера во рамките на потпишаниот договор во 2014 година.

На прашањето „Како го коментира дволичниот став што го презентираат западните земји во врска со 15 јули“, Ердоган рече: „За жал Западот не можеше да положи добар испит за време на обидот за воен удар на 15 јули. Тоа треба да го прифатат и самите. Дури по изминати неколку денови се сетија да го изразат своето сочувство. Тоа е показател за тоа дека Западот на 15 јули во Турција падна на испит од апсект на застанувањето во одбрана на демократијата и слободите“.

Во интервјуто стана збор и за регионалните случувања во врска со што претседателот Ердоган во однос на состојбата во Сирија и мировните разговори нагласи дека Турција уште од 2014 година работи заедно со Катар и Саудиска Арабија и напомена дека Турција посакува што побрзо да се воспостави трајниот мир во Сирија.   

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервјуто за катарскиот весник „Ел Араб“ рече: „Се виде светлина на крајот на тунелот. Без да ја убиеме оваа светлина треба уште повеќе да ја зголемиме и да излеземе од тунелот и од хаосот.  Затоа се значајни разговорите во Женева. Од аспект на реашавањето на сириското прашање освен ставот што ќе го презентираат САД за време на мандатот на Трамп верувам дека би можеле да обезбедат значаен придонес и регионалните земји како што се Саудиска Арабија и Катар.“

 



Слични вести