Собранието го одобри Договорот за изградба на споменици во Русија

Со договорот се предвидува да се изгради споменик за турските војници во Краснојарск

672599
Собранието го одобри Договорот за изградба на споменици во Русија

Договорот за изградба на споменици за турските војници во Русија, кои загинаа во Првата светска војна одобрен на седницата на Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција.

Со договорот кој беше одобрен со гласовите на 188 пратеници кои учествуваа на гласањето се предвидува да се изгради споменик за турските војници кои во Првата светска војна беа заробени и загинаа во камповите, а кои беа погребани во руското подрачје Краснојарск.

Со договорот се предвидува да се утврдат идентитетите на гробовите на турските војници кои се наоѓаат во подрачјата Владивосток, Петревски и Киров и да се изградат споменици во овие подрачја.

Договорот беше потпишан на 3 декември 2012 година кога се одржа Состанокот на Високиот совет за соработка на ниво на премиери. Договорот беше потпишан од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Русија процесот на одобрување на договорот го заврши на 11 декември 2013 година.

Договорот кој беше одобрен од страна на Големото национално собрание на Турија, по ратификувањето од страна на претседателот ќе се објави во Службениот весник и ќе стапи на сила. На тој начин ќе заврши процесот на внатрешниот правен процес на одобрување.



Слични вести