Претседателот Ердоган во посета на Катар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по остварените посети на Бахреин и Саудиска Арабија престојува во посета на Катар, третата и последна станица од неговата турнеја по три заливски земји

672586
Претседателот Ердоган во посета на Катар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на Катар, третата и последна станица од неговата турнеја по три заливски земји.

Претседателот Ердоган во главниот град на Катар, Доха беше пречекан од страна на катарскиот министер за енергија и индустрија Мухамед Ал Сада, амбасадорот на Катар во Анкара Салим Мубарек Ал Шафи, амбасадорот на Турција во Доха Ахмет Демирок и други функционери на амбасадата.

Претседателот Ердоган најпрвин се состана со поранешниот емир на Катар шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани.

Денеска од страна на катарскиот емир шеик Темим Бин Хамад Ал Тани ќе биде приредена официјална церемонија на дочек за претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

По остварените директни средби и разговорите помеѓу делегациите на двете земји претседателот Ердоган ќе ја заокружи и својата посета на Катар.

Посетата на Катар се остварува веднаш по вториот состанок на Високиот стратешки комитет на Турција и Катар што се одржа во декември во градот Трабзон.

Првиот состанок на овој комитет се одржа во декември во 2015 година во главниот град на Катар, Доха.

Во рамките на посетата на Катар претседателот Ердоган е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за одбрана Фикри Ишик и потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претходно ги посети Бахреин и Саудиска Арабија.



Слични вести