Претседателот Ердоган во Катар пречекан со официјална церемонија

Катарскиот емир шеик Темим Бин Хамад Ал Тани го пречека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со официјална церемонија

673314
Претседателот Ердоган во Катар пречекан со официјална церемонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по остварените посети на Бахреин и Саудиска Арабија престојуваше во посета на Катар, третата и последна станица од неговата турнеја по три заливски земји.

Претседателот Ердоган во главниот град на Катар, Доха беше пречекан од страна на катарскиот министер за енергија и индустрија Мухамед Ал Сада, амбасадорот на Катар во Анкара Салим Мубарек Ал Шафи, амбасадорот на Турција во Доха Ахмет Демирок и други функционери на амбасадата.

Претседателот Ердоган најпрвин се состана со поранешниот емир на Катар шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани.

Потоа од страна на катарскиот емир шеик Темим Бин Хамад Ал Тани во чест на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше приредена официјална церемонија на дочек. 

По остварените директни средби и разговорите помеѓу делегациите на двете земји претседателот Ердоган ја заокружи и својата посета на Катар.

Во последните две години помеѓу Турција и Катар беа потпишани повеќе од 30 договори во голем број различни области.

За време на оваа посета пак на преден план се појавија стратешки наслови како што беа особено соработката во воената сфера, одбранбената индустрија и зголемувањето на инвестирањата. 

Освен тоа значајно место на дневниот ред на разговорите зазедоа и регионални прашања на чело со Сирија и Ирак.

Посетата беше заокружена со ручекот што катарскиот емир шеик Ал Тани го приреди во чест на претседателот Ердоган.

Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатува од Катар.



Слични вести