Напад на турската амбасада во Стокхолм

Двајца маскирани лица денеска во раните утрински часови исфрлиле неколку шишиња со бела боја на надворешната страна од оградата и во дворот на амбасадата на Република Турција во Стокхолм, Шведска

673066
Напад на турската амбасада во Стокхолм

Двајца маскирани лица денеска во раните утрински часови исфрлиле неколку шишиња со бела боја на надворешната страна од оградата и во дворот на амбасадата на Република Турција во Стокхолм, Шведска.

Соопштение по повод овој инцидент пристигна од амбасадата во кое што се додава дека инцидентот бил откриен од безбедносните камери кои покажувале како двајца маскирани лица фрлаат шишиња со бела бојна на оградата и дворот на амбасадата.

Во соопштението се додава дека шведската полиција веднаш покренала истрага за обелоденување на инцидентот.

Инаку пред неполни три месеци 8 терористи на ПКК извршија сличен напад на амбасадата на Република Турција во Стокхолм.

По веста за покренување на полициска истрага за расветлување на инцидентот, од веб страницата на терористичката организација ПКК биле отстранети снимките кои организацијата ги користи за пропагандни цели.

 

 



Слични вести