Терористот Машарипов во сослушувањето раскажува детално за нападот на ноќниот клуб во Истанбул

Терористот кој беше сослушуван во текот на 25 дена вели дека директивата за терористичкиот напад на ноќниот клуб во Ортаќој во Истанбул за време на новогодишната ноќ му била издадена од страна на терорист т.н. емир на ДАЕШ во Сирија со кодно име Ебу Џихад

672058
Терористот Машарипов во сослушувањето раскажува детално за нападот на ноќниот клуб во Истанбул

Позната изјавата за време на сослушувањето во текот на 25 дена на терористот Абдулгадир Машарипов кој го облеа во крв ноќниот клуб во Ортаќој во Истанбул за време на новогодишната ноќ.

Терористот кој беше фатен во операцијата на единиците за разузнавање и полицијата и кој беше сослушуван во текот на 25 дена призна дека директивата за терористичкиот напад, оружјето и потребните пари ги добил од еден друг терорист т.н. емир на ДАЕШ во Сирија со кодно име Ебу Џихад. 

34-годишниот Машарипов, припадник на терористичката организација ДАЕШ, во сослушувањето ги раскажа и деталите за тоа како дошол во Турција.

Терористот кој добил воена обука во Организацијата Џихат Џемаат инаку крило на терористичката организација Талибан во Авганистан, во Турција влегол кај градот Ван во јануари 2016 година, а потоа заминал за Истанбул со цел оттаму да замине за Сирија.

Терористот Машарипов едно по едно ги призна и одржаните разговори со терористичките раководители во Сирија, терористот под кодно име Ебу Џихад една недела пред настанот му го објаснил нападот што ќе го реализира, а потоа едно лице со покриено лице му донесло во неговата куќа еден калашников, 6 шаржери и 3 бомби.

Машарипов најпрвин планирал терористичкиот напад да го изврши на плоштадот Таксим во Истанбул, меѓутоа поради строгите безбедносни мерки се откажал од тоа.

Терористот Абдулгадир Машарипов детално раскажа како во нападот на ноќниот клуб во Ортаќој за време на новогодишната ноќ уби 39 лица, а рани приближно 100 лица, како и за тоа како избегал по нападот.

Машарипов рече: „Облеката на себе и оружјето ги оставив внатре и преправајќи се како да сум еден од ранетите ползејќи излегов надвор. Едно лице кое ме виде на вратата мислејќи дека сум ранет ме извади надвор. Ме остави на крајот на патот и јас со 3 такси возила дојдом во Зејтинбурну.“



Слични вести