Претседателот Ердоган во посета на Саудиска Арабија

Претседателот Р. Т. Ердоган по остварените средби и разговори во Бахреин вчера отпатува за главниот град на Саудиска Арабија Ријад каде што на аеродромот беше пречекан од страна на саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд

671669
Претседателот Ердоган во посета на Саудиска Арабија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на Саудиска Арабија, втората станица од неговата трунеја по неколку заливски земји.

Ердоган по остварените средби и разговори во Бахреин вчера допатува во главниот град на Саудиска Арабија Ријад каде што на аеродромот беше пречекан од страна на саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд.

На дочекот присуствуваа и емирот на Ријад и вработените во амбасадата на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во вечерните  часови најпрвин го прими саудискиот престолонаследник принцот Мухамед Бин Наиф.

Денеска Ердоган ќе се состане со саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, а ќе го прими и заменик престолонаследникот Мухамед Бин Салман. 

Церемонијата на официјалниот дочек за претседателот Ердоган ќе се одржи во пладневните часови во 13:00 часот според турско време.

По церемонијата саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд ќе приреди официјален ручек во чест на претседателот Ердоган.

Потоа ќе се одржат разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Во рамките на посетата со која што се очекува да им се придаде интензитет на односите помеѓу Турција и Саудиска Арабија исто така ќе се разговара и за регионални и меѓународни прашања.

Имено, се има за цел да биде уште повеќе зголемена соработката помеѓу двете земји во воената, економската и енергетската сфера.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на оваа своја посета е придружуван од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за одбрана Фикри Ишик, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар и потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан.

Претседателот Ердоган по посетата на Саудиска Арабија ќе отпатува во посета на Катар.



Слични вести