Календарот за референдумот за уставни измени објавен во Службениот весник

Согласно донесената одлука од страна на Високиот изборен совет (ЈСК) процесот на референдумот ќе започне на 16 февруари, а на 16 април гласачите ќе гласаат за или против предлогот за уставни измени

671592
Календарот за референдумот за уставни измени објавен во Службениот весник

Календарот во врска со референдумот за уставни измени што ќе се одржи на 16 април објавен во Службениот весник на Република Турција.

Согласно донесената одлука од страна на Високиот изборен совет (ЈСК) процесот на референдумот ќе започне на 16 февруари.

Изборните списоци во земјата и во странство ќе бидат подготвени на 10 март.

Турските граѓани кои живеат во странство ќе можат да гласаат од 27 март до 9 април.

Предизборната пропаганда ќе започне на 9 април, а ќе заврши на 15 април.

Гласачите на 16 април во недела ќе излезат и ќе гласаат на референдумот за предлогот за уставни измени.

Доколку уставните измени бидат прифатени бројот на пратеници во собранието од 550 ќе се зголеми на 600, возраста за избор на пратеник од 25 ќе се намали на 18 години.

Парламентарните и претседателските избори ќе се одржат еднаш на 5 години на ист ден.

Личноста која ќе биде избрана за претседател на државата воедно ќе може да биде член и на политичка партија.



Слични вести