Исламскиот свет поминува низ многу болни денови и тешки тестови

Сите држави да следат интегративни политики кои ќе обезбедат да живееме во братство и единство

672240
Исламскиот свет поминува низ многу болни денови и тешки тестови

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека исламскиот свет кој е опколен со оган поминува низ многу болни денови и тешки тестови.

Во пораката преку профилот на Твитер, претседателот Ердоган рече: Исламскиот свет кој со векови се спомнуваше и важеше за адреса на мирот, денес за жал се спомнува со тероризмот, напнатост, рушење, бомби. Муслиманите кои се оттуѓуваат врз основа на идентитетот и сектите, се трошат во Сирија, Ирак и низа други места. Сведоци сме на напорите на одредени средини и луѓе со лоши намери кои се обидуваат да ја поистоветат нашата света вера со тероризмот, особено на Запад.

Јас како муслиман, ги отфрлам сите клевети кои се насочени за поистоветување на исламот и тероризмот, рече претседателот Ердоган. Уште поодамна дојде време за обединување на целиот регион, исламскиот свет, па дури и човештвото, рече претседателот Ердоган и посочи дека сите заедно треба да ги проколниме терористичките организации ЕАШ, Ал Каида, Боко Харам, Еш Шебаб, ПКК, ЈПГ, ФЕТО.

Ги повикувам сите држави да следат интегративни политики кои ќе обезбедат да живееме во братство и единство, рече Ердоган.



Слични вести